Утрински Весник
Скопје

ДОМ: Поддршка на петицијата на „Шанса за Центар” – стоп за бетонизацијата и уништувањето на Водно

Dom zname.jpg

Соопштение на ДОМ:

ДОМ силно ја поддржува петицијата за повлекување и преиспитување на Нацрт-ДУП-от за „Барутана” и запирање на предвидената изградба во пошумените делови на Водно.

Затоа, ги повикуваме граѓаните да ја поддржат петицијата и да се вклучат во јавната анкета за Нацрт-ДУП-от „Барутана”. Петицијата може да се потпише на следниот линк: Стоп за бетонизација на Водно

Советникот на ДОМ во Општина Центар ќе ја поддржи иницијативата и ќе гласа за заштита на Водно од понатамошна бетонизација. Во Советот ќе се заложи за повлекување и преиспитување на планот, зачувување на шумските површини и планинарските патеки и почитување на јавниот интерес.

ДОМ смета дека недозволиво е Водно да се третира како градежна парцела. Неговата шума е природен заштитник на Скопје и има клучна улога во спречувањето на ерозија, лизгање на земјиштето и поројни води. Особено загрижува фактот што се отвора простор за нова изградба на стрмен и пошумен терен, и покрај предупредувањата за еколошките и безбедносните ризици.

Заштитата на шумата и природниот амбиент мора да имаат предност пред интересите за евентуална градба.

Водно е зелениот штит на Скопје. Да го заштитиме, а не да го бетонизираме.

Можете да прочитате

Изгласан новиот ребаланс на буџетот на Град Скопје

Герасимовски: ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ го отворија патот за спорната градба кај „Кузман”

Нелегалниот пешачки премин кај Бит-пазар станува легален и ќе добие и семафори