
Концертот на Дино Мерлин, кој требаше да се одржи на 5 септември во Краљево, е официјално откажан. Организаторот соопшти дека ваквата одлука е донесена поради неисполнети договорни обврски од страна на компанијата „DIGI MEDIA PRODUCTION DOO Белград“.
Според организаторите, белградската компанија била задолжена за обезбедување на продукцијата, сцената и сите неопходни технички услови за безбедно одржување на концертот.
Во официјалното соопштение се наведува дека организаторите биле принудени да го откажат концертот поради, како што велат, неисполнување на договорните обврски од страна на компанијата задолжена за продукцијата.
Тие посочуваат дека компанијата од самиот почеток била запознаена со роковите и барањата, но дека обврските не биле исполнети на начин што би овозможил да се гарантира техничката и организациската безбедност на настанот.
Организаторите истовремено ги отфрлаат обидите одговорноста за откажувањето да биде префрлена врз нив, нагласувајќи дека својот дел од обврските го исполниле сериозно и одговорно.
Како што наведуваат, не сакале да преземат ризик концертот да се одржи без исполнување на сите неопходни услови, бидејќи безбедноста на Дино Мерлин, публиката и сите останати учесници на настанот е нивен главен приоритет.



