
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна
Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек
за 2,06% во однос на одлуката од 24.8.2026 година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат зголемување и тоа во просек: кај бензините за 2,212%, кај дизелот има намалување за 8,237%, кај екстра лесното масло намалувањето е за 4,389% и кај мазутот исто така има намалување за 2,793%.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е
понизок за 0,5477%.
Од 1.9.2026 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 94,00 (денари/литар)
Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 96,00 (денари/литар)
Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 95,00 (денари/литар)
Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 97,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС 44,410 (денари/килограм)
Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 1,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се намалува за 6,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалува за 3,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 1,166 ден/кг и сега ќе изнесува 44,410 ден/кг



