Утрински Весник
Македонија

Воен хеликоптер за три часа исфрли 28 тони вода во гаснење на пожарот на Пелистер

Image 2026 08 30 150221238.png

Воздухопловниот ВИНГ на Армијата денеска бил ангажиран во гаснењето на шумскиот пожар во месноста Макази, на падините на Националниот парк „Пелистер“, во реонот на Општина Ресен.

Како што информираат од Армијата, хеликоптер Ми-8МТ реализирал тричасовен налет, при што биле исфрлени 14 противпожарни ведра, односно вкупно 28 тони вода врз активните жаришта.

Гаснењето од воздух се одвивало со истовремена поддршка од земја, во координација со екипите кои се ангажирани на терен.

Од Армијата информираат дека Воздухопловниот ВИНГ останува во целосна оперативна подготвеност за понатамошна воздушна поддршка, согласно состојбата и потребите на теренот.

Можете да прочитате

Расте бројот на лица кои бараат психијатриска помош поради стрес предизвикан од семејно или партнерско насилство

Полицаец возел без возачка и со истечена регистрација, доби кривична

Почина 70 – годишен гостиварец, со товарно возило излетал од патот и удрил во метална ограда