
Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на СДСМ:
Инсталациите на српските служби во Македонија, СДС и Венко Филипче продолжуваат со својата хипокризија.
Иако нивен партиски член, дел од поранешните раководни структури во СДС, поранешен советник на Зоран Заев за локална самоуправа, Виктор Петрушевски кој учествувал и раководењето на државни институции, беше жив фатен како соработник на српската служба БИА, СДС се однесува како да не е оттука.
Наместо со својата хипокризија СДС уште да обвинува други за разноразни теории на заговор, редно да си погледнат во сопствените редови кои се први соработници на туѓи служби.
Или, пак, можеби и Венко Филипче е директна инсталација на српските служби, по примерот на советникот на неговиот ментор, Зоран Заев кој се уште раководи со партијата.
Од друга страна, ваквото однесување и хипокризија на СДС е резултат на нивната разочараност што синоќа партискиот врв на чело со Филипче, Љупчо Николоски Путерот, нивниот градоначалник на Крива Паланка не можеа да се забавуваат на концертот на Лепа Брена, кој беше откажан поради временските услови.
Да, тоа е таа Лепа Брена која и пееше на војската на Младиќ, за кој сега ја креваат најголемата хистерија во јавноста.
А кога станува збор за пејачи од Србија, вредно е уште еднаш да напомниме и тие малку градоначалници што СДС ги има, како тој во Крива Паланка и Македонска Каменица, прават журки со пејачи на Александар Вучиќ.
Инаку ставот на Владата во однос на покојниот поранешен генерал, Ратко Младиќ е јасен и се темели на меѓународно утврдените правни факти, а од поединци, владини функционери кои излегоа со негова поддршка побара повлекување на ставот или доколку не се согласува со ставот на Владата, да се повлече од позицијата што ја извршува.
Значи, тоа што Владата единствено штити е интересот на државата и на македонските граѓани.


