Утрински Весник
Македонија

На ГП Табановце и ГП Блаце за излез од државата се чека до еден час

20260830123642 big 730x400 88.webp.webp

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Поради зголемена фреквенција на возила на следните гранични премини се бележи зголемено време на чекање:

  • ГП Табановце –за влез во државата околу 30 минути, за излез од државата е околу 1 час
  • ГП Блаце –за излез од државата околу 30 минути

На останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Затвореник од „Идризово“ почина, се качил на бандера и фатил жица под напон

Воен хеликоптер за три часа исфрли 28 тони вода во гаснење на пожарот на Пелистер

Зајкова: Што ќе се случеше ако имаше луѓе во запалениот автобус на Водно