Утрински Весник
Свет

ОН: Речиси половина од анкетираните домаќинства во Газа се изјасниле дека си легнуваат гладни

Gaza 3.jpg

Речиси половина, односно 46 проценти, од анкетираните домаќинства во Газа се изјасниле дека барем еднаш во текот на претходните 30 дена си легнувале гладни, покажуваат најновите податоци од Светската програма за храна на Обединетите нации.

Седум проценти од домаќинствата навеле дека во тој период повеќе од 10 пати оделе гладни на спиење додека половина пријавиле дека барем еднаш им снемува храна, објави Ал Џезира.

Според анализата на Светската програма за храна на Обединетите нации од август, 21 процент од домаќинствата јадат само еден оброк дневно, додека 38 проценти го намалиле бројот на дневни оброци. 

Можете да прочитате

Кинеска уапсена на аеродромот Фјумичино во Рим со пет килограми кокаин

Најмалку 547 мртви во поплавите во Непал и Тибет

17 починати и над 400 заразени од вирусот Западен Нил во Италија