Утрински Весник
Скопје

Сулејмани изврши увид во изградбата на Универзална сала

Image 2026 08 27 123937313.png

Министерот за култура и туризам Седат Сулејмани денеска изврши увид во тековните активности за изградба на објектот на „Универзална сала” во Скопје и се информираше за динамиката и напредокот на градежните работи.

При увидот, Сулејмани од страна на управителот на градбата „Мегарон Инженеринг” – Скопје, надзорниот орган – Друштво за управување со проекти „ЕОС Е.Е. консалтинг” ДОО Скопје, и изведувачот „Универзал Балкан” ДОО Скопје, беше информиран дека активностите се одвиваат во рамките на роковите утврдени со динамичкиот план. На објектот се реализирани повеќе значајни активности, меѓу кои ископи на подрумското ниво, изведба на столбови, активности за заштита на конструкцијата, како и изработка и поставување на челични елементи. Дополнителен напредок на активностите се очекува да биде забележлив уште во текот на претстојниот викенд.

Инаку во моментов, во производствените капацитети на „Актива” во Штип интензивно се работи на изработката на челичната конструкција. Значаен дел од челичните конструктивни елементи веќе се изработени, а според планираната динамика, транспортот и монтажата на челичната конструкција, без трибините, треба да завршат најдоцна до средината на септември 2026 година.

Според министерот Сулејмани „Универзална сала” е објект од особено значење за Скопје и за културниот живот во државата. Особено е значајно дека има напредок на работите и важно е изградбата да продолжи со засилена динамика и со почитување на утврдените рокови. Тој очекува во наредниот период објектот да добива се поконкретен и повидлив изглед.

Министерот потенцираше дека Министерството за култура и туризам и во иднина ќе продолжи да го следи процесот на реализација на проектот, во соработка со сите надлежни субјекти вклучени во изградбата.

Можете да прочитате

Општина Илинден започна со изградба на капела во рамки на локалните гробишта во Марино

Акција за отстранување на хаварисани возила низ Карпош

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје