Утрински Весник
Скопје

Општина Илинден започна со изградба на капела во рамки на локалните гробишта во Марино

Image 2026 08 27 123533089.png

Општина Илинден започна со изградба на капела во рамки на локалните гробишта во месноста викана Јака, во населеното место Марино. Станува збор за значаен инфраструктурен проект, кој за првпат обезбедува објект од ваков вид на територијата на oпштина Илинден.

Новата капела ќе придонесе за подобро уредување и функционално унапредување на просторот на локалните гробишта, обезбедувајќи соодветни и достоинствени услови за верските и комеморативните обреди.

Увид во градежните активности изврши градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, кој истакна дека објектот ќе располага со капела за изложување на покојникот, комора со четири фиоки за чување на покојниците, два тоалета, административна и помошна просторија, како и свеќарница.

„Просториите се проектирани така што истите обезбедуваат соодветни услови за прием, чување и достоинствено испраќање на покојниците, како и за извршување на неопходните придружни и административни работи.“ – истакна градоначалникот Георгиевски.

Со реализацијата на овој проект, Општина Илинден одговара на конкретните потреби на локалното население и создава подобри услови за семејствата во ваквите особено тешки моменти. Изградбата на капелата е дел од континуираните активности на Општина Илинден за реализација на капитални и комунални проекти насочени кон подобрување на јавната инфраструктура.

Можете да прочитате

Сулејмани изврши увид во изградбата на Универзална сала

Акција за отстранување на хаварисани возила низ Карпош

Утре посебен режим на сообраќај во Скопје