Утрински Весник
Економија

Зголемени трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување

Gradeznistvo.webp.webp

Трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување во вториот квартал годинава во однос на претходниот квартал се зголемени за 3.1 проценти, трошоците за материјали за 2.8 проценти, a трошоците за вработените за 3.8 проценти, – објави денеска Државниот завод за статистика.

Во второто тримесечје од 2026 година, во однос на истото тримесечје од претходната година, трошоците во градежништвото за нови објекти за индивидуално домување се зголемени за 3.3 проценти, трошоците за материјали за 1.9 проценти, а трошоците за вработените за 6.2 проценти.

Можете да прочитате

Серафимовски: Договорените услови за откуп на пиперката мора доследно да се почитуваат

Од бакарот во Иловица до антимонот кај Крива Паланка: каде е Македонија во трката за критични минерали?

СДСМ: Мицкоски ги излажа земјоделците и ги остави сами – следува криза и уште поскапа храна