Утрински Весник
Балкан

Ноќните температури во Атина синоќа достигнаа и до 33 степени

Atina.png

Топлотниот бран што ја зафати Грција донесе високи ноќни температури во областа Атика, поширокиот регион на Атина, што во одредени делови, синоќа, кусо пред полноќ достигнаа и до 32-33 степени – јави дописничката на МИА од Атина.

Според податоците од метеоролошката служба „Метео“ на Националната опсерваторија во Атина, високите ноќни температури во комбинација со високата влажност на воздухот во грчката метропола создадоа услови на спарнина и жештина.

Мапата што ја објави „Метео“ покажува дека во 23.45 часот во повеќе делови на пошироката област Атика температурата била над 30 степени.

Топлотниот бран во Грција, според прогнозите, се очекува да продолжи и во следните денови, а за денеска, поради високите температури и многу високата опасност од пожари, областа Атика и уште 11 други региони, односно делови од централна Грција и Евија, Кикладските Острови и островите во северниот дел на Егејското Море се во состојба на мобилизација – Red Code (црвен код).

Од Министерството за климатска криза и цивилна заштита на Грција информираа дека при состојба на мобилизација (Red Code) „националниот механизам се става во целосна готовност, со активирање и распоредување на потребниот човечки потенцијал, како и материјални средства и опрема соодветни на потребите“, со цел навремено справување со вонредни состојби. 

Можете да прочитате

Брачен пар изрешетан во спалната соба во Косово: Убиена 25-годишна трудница, сопругот тешко повреден

Вечерва изменет сообраќајниот режим кај Солун поради затворање на обиколницата

Мигранти се судрија со полицијата и пробија ограда во прифатен центар во Грција