Утрински Весник
Македонија

Променливо облачно и топло, попладне со пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Vreme.webp.webp

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне ќе има локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа ќе има услови за невреме со силен ветер и појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 13 до 22, а максималната ќе достигне од 30 до 38 степени.

Во Скопје, сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне во делови од котлината ќе има услови за краткотраен пороен дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 37 степени.

Во текот на новата седмица времето ќе биде претежно стабилно и сончево со мала до умерена облачност.

Можете да прочитате

Сиљановска-Давкова: Не побарав од Милановиќ и Пирц Мусар да застанат на наша страна во спорот со Софија

Расправија преку телефон завршила со убиство на Един Шкријељ кај Смилковско Езеро

Синдикатот објави некролог откако Уставен го укина Колективниот договор во културата