Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Мицкоски и Клековски шират паника со тоа што шест недели не објавуваат документот за водата во Гостивар

Sdsm.jpeg

Соопштение за јавност на СДСМ:

Поминаа цели 6 недели а документ со целосна, јавна и потпишана анализа за водата во Гостивар сè уште нема. 

Мицкоски и Клековски шират паника со тоа што не го објавуваат документот цели 6 недели.

Зошто не се објавува целосен извештај? Што се крие од граѓаните?

Неизвесноста и недовербата кај граѓаните така ја создаваат Мицкоски и Клековски.

Еден месец даваа противречни изјави, прво за забрани, потоа дека може да се користи како техничка вода, па дека има нови бактерии и вируси во водата, потоа уверуваа дека водата може да се пие а ниту еднаш не објавија целосен документ. 

Водата се испитува секој ден. Зошто тогаш не се објавува веќе шест недели?

По 22 дена загадена вода и околу 5.000 заболени, граѓаните треба да видат целосен документ бидејќи  водата за пиење е прашање на јавно здравје.

Информациите за нејзината безбедност мора да бидат јавно објавени во еден целосен извештај.

Со сите резултати и со потпис на одговорните.

Сите мостри. Сите лабораториски анализи. Сите датуми. Сите утврдени бактерии и вредности. Сите институции што вршеле испитувања.

И најважното – кој, врз основа на кои резултати и со чиј потпис утврдил дека водата е безбедна за пиење?

Можете да прочитате

Уапсен возач од Полска на ГП „Табановце“ – возел 164 км/ч на место каде дозволената брзина е 80 км/ч 

Уапсен Македонец во Србија, осомничен дека е платен убиец

ВЛЕН: Али Ахмети молчи, Ислам Абази ја затвори истрагата: кој ќе одговара за 14-те жртви во модуларната болница?