Утрински Весник
Скопје

Tретиот ден од Kарпошовото културно лето започна со урбана уметност

Slika 2.jpg

Третиот ден од Карпошовото културно лето започна во знакот на урбаната уметност и проектот „По таму, сонот…“, во чии рамки ликовната уметничка Калина Брајковска започна со изработка на мурал на бараките на Факултетот за информатички науки и компјутерско инженерство – Скопје (ФИНКИ).

Со осликувањето на четирите бараки на оваа високообразовна институција, јавниот простор ќе добие ново ликовно и уметничко обележје, збогатувајќи го урбаниот амбиент на Карпош и Скопје. Додека уметницата работеше на муралот, посетителите уживаа во музичката програма и пријатната атмосфера. На почетокот на создавањето на муралот присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој и самиот се приклучи во уметничкиот процес и учествуваше во цртањето.

Вечерва, со почеток во 20:00 часот, во училишниот двор на ООУ „Петар Поп Арсов“, пред љубителите на филмската уметност беше прикажан долгометражниот анимиран филм „Јон Вардар против Галаксијата“. Во опуштена атмосфера под отворено небо, карпошани од сите генерации уживаа во филмската вечер. Карпошовото културно лето продолжува со богата програма, добра забава и содржини за сите генерации!

Можете да прочитате

Ѓорѓиевски: Целосната реконструкција на паркот „Жена – Борец“ се одвива со силна динамика

Меџити: Основното училиште „Kongresi i Manastirit” – 20 години историја, образование и гордост

Ѓорѓиевски: Заврши одгасувањето на Вардариште, проектот за деконтаминација и изградба на голем парк е во подготовка