Утрински Весник
Македонија

На ,,Богородица” утрово се чека до еден час за влез во Грција

Whatsapp image 2025 12 31 at 09.51.46.jpeg

АМСМ инфпрмира дека утрово сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

На граничните премини ГП Табановце за влез и излез од државата и на ГП Богородица за излез од државата времето на чекање е околу 40 минути до 1 час додека на останатите гранични премини нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Можете да прочитате

Грозданова: Четири сомнителни случаи кај деца во Хрватска ја запреа БСЖ вакцинацијата во Македонија

Алармантни бројки за туберкулозата во Македонија – 95 возрасни пациенти и три деца во болница

Мицкоски: Владата е избрана со мандат од четири години, но можни се предвремени избори