Утрински Весник
Македонија

Жешко време и денеска, температурите до 40 степени

Zeskovreme 2.jpg

Денеска во Македонија ќе имаме уште еден летен жежок ден со сончево време и температури кои во делови од земјата ќе се искачат близу 40 степени.

Во утринските часови времето ќе биде претежно сончево, а во текот на денот ќе има мала до умерена облачност. Попладне во планинските и повисоките подрачја ќе има услови за локална нестабилност, со краткотраен дожд и ретки грмежи.

Во Скопје ќе биде сончево и многу топло, со максимална температура околу 37 степени. Ќе дува слаб до умерен ветер, а поради високите температури најтоплиот дел од денот повторно ќе биде особено непријатен за престој на отворено. Во останатите делови од Македонија температурите ќе се движат во интервал од 30 до 39 степени, при што најтопло ќе биде во јужните и централните подрачја

Можете да прочитате

Ерол Шакири е новото лице на „Ноќно студио“ – од среда во 20 часот на 4ТВ

Шакири: Политичарите често даваат демагошки одговори, уметност е да се извлече вистината

Шакири за етикетирањето на новинарите: Ако мислиш поинаку, веднаш те обвинуваат дека си платен