Утрински Весник
Скопје

Класична музика на плоштадот „Скендербег” – Општина Чаир со поддршка за 14. издание на „Сцена на сериозна музика”

Img 6043.jpeg

Вечерва, среда, 19 август, со почеток во 20:30 часот, на плоштадот „Скендербег”, ќе се одржи концерт на класична музика во рамките на 14. издание на фестивалот „Сцена на сериозна музика”.

Фестивалот, кој традиционално се реализира со поддршка на Министерството за култура, годинава добива поддршка и од Општина Чаир, како дел од заложбите за збогатување на културната понуда и создавање нови содржини на плоштадот „Скендербег” и во Чаршијата.

Со поддршката на културни и уметнички настани на отворено, Општина Чаир има за цел овие значајни јавни простори да бидат уште подинамични места за средба, култура и заедничко доживување, достапни за граѓаните и посетителите на градот.

Концертот на „Сцена на сериозна музика” е уште една можност публиката да ужива во квалитетна музичка програма во автентичниот амбиент на плоштадот „Скендербег” и Чаршијата.

Настанот започнува во 20:30 часот, а влезот е отворен за сите заинтересирани посетители.

Можете да прочитате

Во следните денови авионско и копнено прскање против комарци во Скопје

СДСМ: Кризата во Скопје ескалира – Орце закасни со прскањето против комарци, одговорност мора да има

Од први септември едносменска настава во ООУ „Александар Македонски“ во општина Аеродром