Утрински Весник
Балкан

Двајца загинати во голем пожар на грчкиот остров Саламина

Pozar 1 1.webp.webp

Безживотни тела на две лица биле пронајдени за време на гаснење на пожарот што избувна на грчкиот остров Саламина и брзо се прошири поради силниот ветер, а девет лица со изгореници се префрлени во болница, додека пак превентивно беа евакуирани шест населени места, јави дописничката на МИА од Атина.

Во период од 15 минути избувнаа два пожари на две различни локации, едниот во јужниот, другиот во источниот дел на островот, а безживотните тела биле пронајдени на улица во близина каде започнал еден од пожарите.

Во гаснењето интервенираат 192 пожарникари, со десет пешадиски тима и 48 возила, помагаат доброволци и цистерни од општината, а за гаснење од воздух се ангажирани и периодично интервенираат шест авиони и осум хеликоптери, од кои еден за координација.

Од бројот 112 за итни случаи беа испратени шест пораки, од кои две за информирање на граѓаните, а останатите четири за евакуација.

Евакуирани беа шест населени места, а паралелно во тек е и евакуација по морски пат на оние кои се на плажите со помош на чамци и бродови на противпожарната и крајбрежната служба на Грција и досега 90 лица биле пренесени на безбедна локација.

Во поширокиот дел на пожарот се распоредени и шест возила на брзата помош и два мотоцикл за итни интервенции.

Островот Саламина, со околу 37.000 жители е најголем од островите во Саронскиот залив и се наоѓа во непосредна близина на Атина. 

Можете да прочитате

Хрватската полиција уапси четворица осомничени за предизвикување пожари кај Задар

Во Пловдив уапсени 18 лица поврзани со меѓународната неонацистичка организација „Крв и чест“

Пожар во хотел во Валона, 5 лица  на лекување во Тирана, еден пациент во критична состојба