Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Јаневска ги нарекува Албанците „мала заедница“ на понижувањето му нема крај

Dui 1 750x430 1.jpeg

Соопштение за јавност на ДУИ:

Изјавата на министерката за образование Весна Јаневска претставува директен напад врз еден од столбовите на Охридскиот договор.

Јаневска го нарекува Бадентер „алатка”. Бара тој да не се применува таму каде што таа и Владата сметаат дека „не треба”.

Уставот не ѝ дава такво право.

Амандманот X бара двојно мнозинство за законите што го засегаат образованието. Примената на Бадентер не зависи од личната проценка на Јаневска дали одреден закон ги засега Албанците.

Уште попонижувачки е тоа што, во контекст на блокадата од албанските пратеници, министерката зборува за Албанците како за „мала заедница”.

Албанците се државотворен народ и суштински дел од уставниот поредок произлезен од Охридскиот договор.

Бадентер е уставна гаранција дека бројното мнозинство нема самостојно да одлучува за јазикот, образованието и идентитетот на Албанците. Барањето за негова селективна примена значи негово целосно обесмислување.

Ова е последица на недостатокот на легитимитет и неспособноста на “не Вреди”.
Нивното присуство во Владата не ги заштитува Албанците. Нивното молчење им овозможува на министрите јавно да ги понижуваат Албанците без никаква одговорност.

Бараме Јаневска веднаш јавно да се извини и да ја повлече изјавата.

Законите за образование мора да бидат донесени согласно со Уставот и со потребното Бадентерово мнозинство.

Бадентер не ѝ е оставен на располагање на Владата. Тој е уставна обврска.

Можете да прочитате

Уапсени 16 возачи, 10 возеле пијани, а шест без возачка дозвола

Во пресрет на изборната година: време е пензионерите да бидат прашани

Петрушевски: Граѓаните не треба да бидат заложници на партиската паника на Филипче и СДС, водата во Гостивар е повторно питка