Утрински Весник
Македонија

Родители се степале откако дете било удрено со пластично шише

Policija 2.webp.webp

На 14.08.2026  во 12:00 часот во СВР Скопје, Б.Б.(35) од Скопје, пријавил дека на 13.08.2026 околу 21:30 часот на игралиште на подрачјето на Кисела Вода, неговата малолетна ќерка била физички нападната со пластично шише од двајца малолетници.

Откако пристигнале нејзините родители на местото на настанот, малолетниците се разбегале во двор од куќа на сосетка, каде пријавителот ги задржал малолетниците, но потоа истиот бил физички нападнат од Б.Ц.(46) од Скопје – татко на еден од малолетниците.

Додека пак, Б.Ц. пријавил дека околу 22:00 часот во двор од куќа во Кисела Вода, неговиот малолетен син и неговиот другар биле физички нападнати од Б.Б. , од кои претходно еден од малолетниците ненамерно  удрил малолетничка со пластично шише.

Исто така, А.Х.(45) од Скопје пријавил дека на 13.08.2026 околу 22:15 часот во Кисела Вода,  неговиот малолетен син бил физички нападнат од Б.Б. По преземени мерки СВР Скопје ги расчисти пријавните настани.

По целосно документирање ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Можете да прочитате

Уапсен возач од Германија на автопат возел над 200 км/ч

Штипјанец пријавен за измама, набавил 2.580 тони сливи, а не ги платил

Приведени 12 возачи, седум немале возачка, од кои еден малолетник