
Земјотрес со локална магнитуда од 2,0 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска попладне во 18:08 часот во Охридско-Ресенскиот регион.
Според автоматските податоци од сеизмолошките апликации, епицентарот на потресот бил лоциран во близина на селото Куратица, североисточно од Охрид и Лескоец.
Земјотресот бил регистриран на длабочина од околу 15 километри.
Потресите со магнитуда од околу 2 степени спаѓаат во категоријата на многу слаби земјотреси. Вообичаено можат да бидат почувствувани од мал број лица, особено во мирни услови и на повисоките катови од објектите.
Засега нема информации за причинета материјална штета.



