Утрински Весник
Македонија

МНР: Македонски државјани во подрачјата со пожари во Грција телефонски се обратиле за информации, засега нема официјална бројка на евакуирани

Mnr.jpg

Согласно со информациите од дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, до овој момент од надлежните грчки институции не е добиена официјална информација за бројот на евакуирани македонски државјани од подрачјата зафатени со пожарите во Грција, информираа од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија за МИА.

-Македонски државјани телефонски се обратиле до претставништвото за информации, при што им биле пренесени упатствата и насоките издадени од надлежните грчки власти, информираат оттаму.

Од МНРиНТ додаваат дека Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, преку дипломатско-конзуларното претставништво во Солун, внимателно го следи развојот на состојбата.

-За дополнителни информации и итна помош, на располагање се дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, електронската адреса globalsos@mfa.gov.mk, како и дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна Македонија во Солун: +30 694 526 8068 и +389 71 323 001, наведуваат од МНРиНТ.

Од Министерството апелираат до македонските државјани кои се наоѓаат во засегнатите подрачја внимателно да ја следат состојбата и да ги почитуваат упатствата и насоките на надлежните локални власти. 

Можете да прочитате

Левица: Македонците плаќаат повеќе од двојно повисок мрежен трошок за струјата отколку во 2020 година

12 уапсени возачи во последното деноноќие

Малолетник пиел алкохол во локал во Кичево, па завршил во болница