Утрински Весник
Македонија

ДУИ: Недим Рама купувал акции во германската компанија „Mercedes-Benz“ додека раководел со НОМАГАС – од каде се парите

Dui.webp.webp

Соопштение на ДУИ:

Имотниот лист на Недим Рама, директор на НОМАГАС и близок соработник на Изет Меџити, отвора многу посериозни прашања од оние што тој се обиде да ги затвори со поднесувањето на анкетниот лист во Антикорупциската комисија.

Рама пријавил акции во големи странски компании, меѓу кои и во германската компанија Mercedes-Benz Group AG.
Но, клучниот проблем е датумот.

Според неговото сопствено пријавување, уделите се стекнати на 22 април 2026 година, во период кога Недим Рама веќе ја извршувал функцијата директор на НОМАГАС.

Затоа денес бараме конкретни одговори:

Со кои пари Недим Рама купувал акции во странски компании додека бил директор на НОМАГАС?

Колку конкретно инвестирал во Mercedes-Benz Group AG?

Од која сметка се префрлени средствата?

Кое е потеклото на капиталот?

Дали овие инвестиции биле пријавени во законскиот рок?

И дали постојат други инвестиции во странство кои сè уште не се пријавени пред јавноста?

Ова не се приватни прашања. Недим Рама раководи со стратешка државна компанија и секое позначително зголемување на имотот на јавен функционер за време на неговиот мандат мора да има јасно и проверливо потекло.

Затоа бараме од Државната комисија за спречување на корупцијата да го провери потеклото на средствата, датумот на купување, вредноста на инвестициите и времето на пријавување на акциите на Недим Рама.

Недим Рама треба да излезе пред јавноста и да објасни од каде се парите.

Прашањето е едноставно:

Како директорот на НОМАГАС, за време на својот мандат, обезбедил капитал за инвестиции во „Мерцедес” и други меѓународни компании?

Можете да прочитате

Стојчевски: Со Мицкоски, младите се заборавени, понижени и тепани од криминалната власт

Уставниот суд со појаснување до Судскиот совет во врска со за извршувањето на одлуките

Една четвртина од учениците на возраст од 15 до 16 години се коцкале за пари во последните 12 месеци