Утрински Весник
Македонија

Кривична за полицаец: Удрил во грб приведено лице со врзани раце

Img 1339.jpeg

Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција против полициски службеник поради сомнение дека сторил кривично дело „малтретирање во вршењето на службата“.

Според информациите од МВР, станува збор за А.Т., вработен како помлад полицаец во Полициската станица Центар при СВР Скопје.

Настанот се случил на 24 мај 2026 година, околу 02:53 часот, во Градскиот парк, кај Фонтана на булеварот „Илинден“.

Како што соопшти МВР, полицаецот при преземање службени дејствија кон лице лишено од слобода, чии раце во тој момент биле врзани со лисици, без основ употребил физичка сила и му задал удар во грбот.

„Со наведеното дејствие тој постапил на начин со кој се понижува човековото достоинство и личност“, наведуваат од Министерството.

Покрај кривичната пријава, Одделот за внатрешна контрола ќе поднесе и предлог за поведување постапка за утврдување одговорност поради кршење на работната дисциплина.

Можете да прочитате

Малиот лексикон на големата политичка незрелост

Не се брани уставниот суд – се брани уставот

Скопјанец тешко го повредил рбетниот мозок на тобоган, со владин авион вратен во Македонија