Утрински Весник
Економија

Нема потреба од нови мерки, храната поевтинува велат од Министерство за економија

Marketprazen.jpg

Министерството за економија и труд оценува дека во моментов нема потреба од воведување нови мерки за ограничување на цените на храната, откако Државниот завод за статистика објави дека годишната инфлација во јули изнесува 2,3 проценти, а на месечно ниво 0,1 процент.

Од Министерството посочуваат дека официјалните показатели укажуваат на стабилни ценовни движења, а кај храната втор месец по ред е регистрирано намалување на цените.

„Во моментов, официјалните показатели не упатуваат на потреба од воведување нови интервентни мерки, бидејќи ценовните движења се стабилни, а кај најзначајната категорија – храната – веќе втор месец по ред се бележи намалување на цените“, соопштија од Министерството.

Според ресорот, растот на трошоците за живот во јули главно се должи на сезонски фактори, пред сè во транспортот, каде е забележан раст од 4,4 проценти, како и кај рекреацијата, спортот и културата. Од Министерството додаваат дека состојбата внимателно се следи и дека, доколку се појават неоправдани ценовни шокови или нарушувања на пазарот, ќе бидат преземени соодветни мерки.

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, оцени дека продолжувањето на трендот на намалување на инфлацијата е охрабрувачки сигнал за економијата, посочувајќи дека раст бележат и извозот, индустриското производство, вработеноста и даночните приходи во Буџетот.

Можете да прочитате

Претставници на Нвидиа, Леново и експерт од екосистемот на ОпенАИ на годишната конференција на МАСИТ во Скопје

Студија на Групацијата EOS покажува како банкарството се менува: Секој трет за чувствителни финансиски прашања полесно разговара со ВИ агент отколку со човек

Мицкоски: Извозот расте побрзо од увозот, трговскиот јаз во третиот квартал е намален за 85–86 милиони евра