Утрински Весник
Балкан

Турските воздухопловни сили за првпат добија жена генерал

Img 1400.jpeg

Полковничката Озлем Карапинар е унапредена во чин бригаден генерал, со што стана првата жена во историјата на турските воздухопловни сили која стигнала до генералски чин.

Одлуката за нејзиното унапредување била донесена на состанокот на Врховниот воен совет на Турција (YAŞ), со кој претседава турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган.

Со новиот чин, Карапинар влегува во највисокиот команден ешалон на турските вооружени сили. Во турската воена традиција, генералите и адмиралите традиционално се ословуваат со титулата „Паша“, па нејзиното унапредување има и силно симболично значење.

Иако жените и претходно стигнувале до генералски чинови во други родови на турските вооружени сили, Карапинар е првата жена која го постигнала тоа во воздухопловните сили.

Нејзиното унапредување се оценува како историски пресврт за турското воено воздухопловство и отвора ново поглавје за улогата на жените на највисоките командни позиции.

Можете да прочитате

Нови сообраќајни мерки во Подгорица: Забрана за ноќно возење до 21 година и казни до 400 евра за тротинети

Црна Гора ангажира авиони и хеликоптери во борбата со пожарите

На над 300 грчки плажи спроведени над 1.500 контроли за заштита на крајбрежјето и обезбедување слободен пристап за граѓаните