Утрински Весник
Македонија

Кражба среде Скопје: Побарал помош на банкомат, му ги зел парите и побегнал

Bankomat.webp.webp

Необичен инцидент бил пријавен вчера во Скопје, откако 35-годишен скопјанец побарал помош од непознат маж за да извади пари од банкомат, по што останал без парите.

Според информациите од МВР, вчера во 18 часот во СВР Скопје, С.С. (35) од Скопје пријавил дека околу 17 часот, на подрачјето на Центар, замолил машко лице да му помогне при подигнување пари од банкомат.

Откако парите биле извадени, според пријавата, лицето со употреба на сила му ги одзело парите на 35-годишниот скопјанец и побегнало од местото.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот и пронаоѓање на лицето.

Можете да прочитате

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Драма во поликлиниката „Букурешт“: Доктор нападнат додека прегледувал пациентки, му скршиле вратен пршлен

Андоновски: Националниот дата центар ќе се гради до крајот на мандатот на Владата