Утрински Весник
Македонија

Момче тешко повредено во Кушадаси со владиниот авион ќе биде транспортирано во Македонија

20260217123922 big 730x400 83.webp.webp

Момче од Македонија родено 1998 година во Кушадаси се здобило со тешки повреди на вратни пршлени.

Од Министерството за здравство за МИА информираат дека во соработка со Фондот за здравствено осигурување веднаш побарале од Службата за општи и заеднички работи да се обезбеди владин авион за негов транспорт.

-Транспортот е одобрен и повреденото момче утре ќе биде донесено во земјава со тим лекари од Универзитетската клиника за трауматологија, ортопедски болести, анестезија, реанимација и интензивно лекување и ургентен центар (ТОАРИЛУЦ), наведуваат од Министерството. 

Можете да прочитате

Безживотно тело пронајдено во опожарена куќа во Валандовско

Уапсен крадец од Куманово баран по потерница за издржување затворска казна

Камион и автомобил се судриле во Охрид, едно лице тешко повредено