Утрински Весник
Скопје

Град Скопје: Почна темелна реконструкција на еден од симболите на Скопје – подната фонтана повторно ќе блесне

Plostad.webp.webp

Еден од најпрепознатливите симболи во центарот на Скопје , подната фонтана на плоштадот , повторно ќе биде ставен во функција по долгогодишен период на запуштеност и нефункционалност. Во тек е реализација на темелна реконструкција која не претставува само сервисирање, туку целосно и трајно решение за системот, соопштуваат од Град Скопје.

Станува збор за комплексна интервенција што опфаќа специјализирана опрема произведена во Германија, како и автоматизиран систем кој бара прецизно усогласување и целосно враќање на функционалноста.

Паралелно со сервисирањето на опремата, се изведуваат и значајни конструктивни подобрувања. Постојната носечка подконструкција, изработена од пластични носачи кои поддржуваа бетонски плочи со тежина од околу 100 килограми по елемент, се заменува со нова конструкција од иноксни профили, проектирана да издржи значително поголеми механички оптоварувања. Со ова трајно се подобруваат стабилноста, безбедноста и долговечноста на целиот систем.

Со обновата, фонтаната повторно ќе стане место за средби, детска игра, фотографии, прошетки и убави спомени, враќајќи ја живоста во срцето на градот и повторно претворајќи се во едно од најатрактивните обележја на Скопје.

Истовремено, се реализира и замена на оштетените плочки на потегот од Порта „Македонија”, со што централното градско подрачје добива поуреден, побезбеден и подостоинствен изглед.

Овие активности се дел од заложбите за обновување на јавните простори и создавање квалитетна градска инфраструктура што ќе им служи на граѓаните во наредните години.

Можете да прочитате

AERO Street Food Festival 2026 – Паркот „Авионче“ ќе биде центар на уличната гастрономија и музиката

Од последиците од невремето се создава нова вредност за Водно и Скопје – во подготовка нов моторички парк од дрвјата паднати во невремето

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран