Утрински Весник
Македонија

Мицкоски: Опозициските тврдења ги демантира извештајот на Евростат за куповната моќ, Македонија е пред сите земји од регионот

Ba6db5e0 2545 100f a49c 5dff7ff74729 e1786011413298.jpg

Денеска, на потпишувањето на договорите за финансирање на делницата Крива Паланка – Деве Баир, премиерот Христијан Мицкоски одговори и на новинарско прашање за последните обвинувања на опозицијата поврзани со најновиот извештај на Евростат, кој се однесува на куповната моќ на граѓаните во земјите од Европа.

„Што се однесува до прашањето за извештајот на Евростат за куповната моќ, изминативе денови имаше одредени пораки од опозицијата и од некои медиуми коишто имаат исто мислење со опозицијата. Се водеше плитка кампања, која повторно беше демантирана, и повторно, претпоставувам, опозицијата и дел од медиумите ќе жалат и ќе бидат разочарани затоа што Македонија не е најслаба, туку е подобра од неколку земји од Европската Унија и, би рекол, пред сите земји од регионот кога станува збор за куповната моќ на граѓаните”, додаде Мицкоски.

Претседателот на Владата, Мицкоски, истакна дека лично смета оти се гледа разлика во однос на состојбата од пред три-четири години и дека е видлив напредокот на земјата, но сепак додаде дека тоа не е доволно и дека тој и Владата ќе продолжат посветено да работат на подобрување на стандардот на граѓаните и развојот на земјата.

„Ако тоа се спореди со бројките од пред три-четири години, ќе може да се забележи значаен напредок. Дали е тоа доволно? Не е. Дали ќе работиме за уште повеќе и уште подобро? Апсолутно – мотивирани сме како никогаш. Тие ќе продолжат да креираат хистерија врз основа на конструкции и лаги, а ние ќе ги засукаме ракавите, како што тоа го правевме и овие 25 месеци, и ќе продолжиме посветено да работиме за земјата и за граѓаните”, заклучи премиерот Мицкоски.

Можете да прочитате

Правилата не се пречка – тие се пат до успешна држава

МВР со детали за сообраќајната незгода на патот Прилеп – Битола

Јаневска: За трите закони за високо образование не треба „Бадентер“, се надевам на брзо усвојување зашто губат младите