Утрински Весник
Скопје

КХС: Во текот на јули подигнати се 15.735 тони комунален отпад

Viber image 2026 07 28 03 00 55 788.jpg

Во текот на месецот јули, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа 15 735 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје.

Отстранети се и 2360 кубни метри непрописно одложен кабаст и градежен отпад, како и органски отпад паднат на јавните и сообраќајните површини во сите скопски општини како резултат од невремето што на 21 јули го зафати градот Скопје. Најголемо количество отпад од јавни и сообраќајни површини – 255 кубни метри, се подигнати во општината Кисела Вода.

Во истиот период, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје врачила 11 едукативно-информативни записници на приватни лица и претставници на стопански субјекти коишто биле затекнати при прекршување на Законот за јавна чистота.

Можете да прочитате

Герасимовски: Вонредна дератизација во Центар, градските претпријатија да ги одржуваат контејнерите и канализацијата за да има ефекти

Граѓанските организации да се вклучат во вториот циклус на финансирање во рамките на ReLoAd 3, повик од општина Аеродром

КХС за една недела отстранила 650 кубни метри кабаст и градежен отпад