Утрински Весник
Македонија

Над 17 000 лица ја напуштиле државата на ГП „Богородица” во последните 24 часа

20260803124348 big 730x400 16.webp.webp

Над 17 000 лица ја напуштиле македонската држава за последните 24 часа преку гевгелискиот граничен премин со Грција во последните 24 часа, а околу 16 000 влегле во Македонија низ истата граница, покажуваат последните податоци од Министерството за внатрешни работи. Зголемениот број на возила кои чекаат за излез од државата го блокираа сообраќајот на двата гранични премини во Гевгелија и Дојран, во последните неколку часа, создавајќи километарска колона во Стар Дојран.

Според информациите од МВР, на граничниот премин „Богородица“ од вчера до денес напладне во Македонија влегле 5.864 македонски државјани, а излегле 5.948. Во истиот период, влез во државата оствариле 10.249 странски државјани, додека 11.648 ја напуштиле земјата.

На граничниот премин „Дојран“ евидентирани се 399 влезови и 1.104 излези на македонски државјани. Кај странските државјани, во државата влегле 1.295 лица, а излегле 1.174.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се ангажирани сите расположливи човечки и технички ресурси со цел да се обезбеди побрз проток на патниците, при истовремено спроведување на задолжителните гранични контроли.

Можете да прочитате

Уапсен полицаец од Ресен, нападнал жена со која бил во љубовна врска

Топло до крајот на неделата, од четврток попладне локално дожд и грмежи

Приведен стружанец за инцидент на прославата за Илинден во Ташмаруништа