Утрински Весник
Македонија

СДСМ: Со денешната изјава премиерот призна дека две години водата во Гостивар не била бактериолошки исправна

Sdsm.webp.webp

Соопштение на СДСМ:

Христијан Мицкоски денеска изјави: „Верувам дека за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна.”

За првпат?

Значи две и кусур години, додека ВМРО-ОКГ има апсолутна власт, водата во Гостивар не била исправна.

Значи две години знаеле. Две години молчеле.

Две години ги труеле сопствените граѓани.

А водата сѐ уште не е исправна.

Мицкоски самиот призна дека по хиперхлорирањето се појавила нова бактерија.

Министерот Клековски ветува дека до крајот на неделата ќе биде безбедна за пиење.

Еве утре да видиме дали навистина ќе биде.

И уште нешто:

Сѐ уште не ги доставија документите кој потпишал дека водата е технички исправна за капење, а граѓаните ја користат.

Гостивар не е изолиран случај. Проблеми со неисправна вода има во десетици градови низ Македонија.

Системски колапс што трае две години.

Сега сакаат да се претстават како спасители.

Ова не е успех. Ова е признание за кривично дело.

Можете да прочитате

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите клучни за економскиот развој и подобрување на животниот стандард на граѓаните

Радовишанец им се заканувал на вработени во странска амбасада, упатен на психијатриско набљудување

17 лица лишени од слобода во изминатото деноноќие, возеле без дозвола и под дејство на алкохол