Утрински Весник
Македонија

ВЛЕН: Продолжуваме да градиме политики што носат достоинство за секое семејство

Vredi vlen.jpg

Соопштение за јавност на ВЛЕН:

Во Дебар се одржа свеченото доделување на 47 социјални станови, уште еден доказ дека владеењето на ВЛЕН, за само 24 месеци, носи конкретни резултати и проекти што директно го подобруваат животот на граѓаните.

Градоначалникот на Општина Дебар од редовите на ВЛЕН, Фисник Мела, истакна дека инвестициите во социјалното домување се инвестиции во достоинството на граѓаните ѝ се заблагодари на Владата за континуираната поддршка за Дебар.

Тој ги издвои и инфраструктурните инвестиции што се реализираат во општината, меѓу кои и изградбата на нов булевар во близина на социјалните станови, проект вреден околу 2 милиони евра.

ВЛЕН докажува дека доброто владеење не се мери со ветувања, туку со резултати. Социјалните станови, инфраструктурните инвестиции и развојните проекти се дел од политиките што го ставаат граѓанинот во центарот и создаваат услови за подостоинствен живот за секое семејство. По 24 месеци владеење, ВЛЕН продолжува да работи одговорно, носејќи развој и благосостојба во секоја општина.

24 месеци работа!

Можете да прочитате

Во Дебар доделени 47 социјални станови

СДСМ: Со денешната изјава премиерот призна дека две години водата во Гостивар не била бактериолошки исправна

ИЈЗ со препораки за заштита на здравјето при патување