
Прес конференција на Валентин Манасиевски портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
Денес Венко Филипче има став за секоја тема и секојдневно дели лекции за тоа како треба да функционира здравствениот систем. Но, каде беше истиот тој Филипче кога со години раководеше со Министерството за здравство, а СДС со власта.
Филипче денес критикува за секој проблем, а молчеше кога имаше обврска да зборува и да постапува. Тука е суштинската разлика.
Во интерес на граѓаните, да прикажеме документи кои време кога СДС кога тие беа власт, а станува збор за загадена вода токму во Гостивар и со децении не било реагирано.
На 11.11.2020 година има извештај од микробиолошка анализа, во кој се вели дека поради зголемен број на колиформни бактерии водата не треба да се користи за пиење.
Понатаму, на 01.03.2021 исто така водата не ги задоволува критериумите согласно правилникот за безбедност и квалитет за пиење на вода.
Понатаму, на 15.02.2021, еден месец пред тоа, исто така водата не ги задоволува критериумите според правилникот за посебните барања за безбедност на конзумирање на вода.
Но ова е само во времето кога Филипче е министер, но има и понатаму кога СДС е на власт.
11.07.2022, вода за пиење Гостивар доставена од ЈП Комуналец Гостивар не одговара заради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии.
Не било постапено и се продолжувало со труење на граѓаните, а тие самите не знаеле. 04.08.2023 исто така вода за пиење Гостивар доставена од ЈП Комуналец не одговара заради зголемен број на аеробни мезофилни бактерии. Ова се документи кои биле испраќани до Министерството за здравство, а никој не реагирал. Ова е за 2023та година. Исто тука има дел за ЈП Комуналец 29.06.2023 неисправно поради бактериски колонии.
Почитувани граѓани,
овие се проблеми кои требало да бидат решени, а не да се ставаат под тепих, а граѓаните да се трујат. Ова што денес се случи во Гостивар е последица на децениска негрижа на локалната власт, а таа власт сега ја предводи СДС, ДУИ и Таравари. Затоа е потребна одговорност. Следен пат, пред да се држи лекции и да се обидува да се собираат политички поени, Филипче треба да знае дека граѓаните паметат како се водеше здравствениот систем во неговото време и затоа последен има право да дели лекции за јавното здравје.


