
Градоначалникот на Општина Чаир, Изет Меџити, истакна дека работите на терен се одвиваат со засилено темпо во сите делови на општината, каде истовремено се реализираат инвестиции во подземната и надземната инфраструктура.
„На секоја улица, во секое маало, низ целиот Чаир се работи. Инвестираме во подземната инфраструктура, градиме и реконструираме улици, тротоари и јавни површини, со динамика што граѓаните секојдневно можат да ја видат”, истакна Меџити.
Тој нагласи дека инвестициите што се реализираат се дел од континуираната заложба за подобрување на условите за живот на граѓаните и за модернизација на општинската инфраструктура.
„Ова е нашиот начин на владеење: работа, инвестиции и резултати. За нашите градови, за нашите граѓани и за нашата држава. Продолжуваме”, изјави Меџити.
Општина Чаир останува посветена на реализација на развојни проекти во секое маало, со цел создавање модерна, функционална и достоинствена инфраструктура за сите граѓани.


