Утрински Весник
Македонија

Вчера 73 нови прегледи во Гостивар, две нови хоспитализации на Инфективно

Gostivar.webp.webp

Во јавните здравствени установи во Гостивар вчера биле прегледани 73 пациенти кои побарале лекарска помош, а на Инфективното одделение се регистрирани и две нови хоспитализации.

Во Општата болница „Д-р Ферид Мурад“ во Гостивар се регистрирани вкупно 45 нови прегледи, од кои 26 на Инфективното и 18 на Педијатриското одделение. На Инфективното се регистрирани две нови хоспитализации.

Во моментов во болницата се хоспитализирани двајца пациенти на Инфективното и двајца на Педијатриското одделение.

Во Здравствениот дом Гостивар, пак, во дежурната служба се регистрирани уште 28 нови прегледи.

Податоците до 28 јули покажуваат дека бројот на прегледи значително се намалил во однос на периодот кога беше достигнат пикот на епидемијата. Според податоците на Министерството за здравство, од 14 до 28 јули биле регистрирани вкупно 4.374 први прегледи – 2.468 во Општата болница и 1.906 во Здравствениот дом Гостивар.

Најголем број прегледи биле регистрирани на 18 јули – вкупно 649, од кои 334 во Општата болница и 315 во Здравствениот дом. Епидемијата официјално била прогласена на 19 јули.

Заклучно со 28 јули биле евидентирани 892 формални пријави за заразна болест, додека биле анкетирани 629 пациенти, односно опфатени биле 70 проценти од пријавените случаи.

Можете да прочитате

Task Force удри по нарко-криминалот: 241 приведен, 131 претрес и десетици килограми дрога

Девојка голтнала хероин кога забележале полициска патрола, завршила на Токсикологија

Двајца уапсени во Скопје: Фрлил кеса со марихуана, нападнал полицаец и се обидел да побегне