Утрински Весник
Балкан

Земјотрес утрово го погоди Сараево

8e318e53 a812 491e 87fb 35701847323e.png

Земјотрес со интензитет од 3,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утрово источно од Сараево, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Земјотресот се случил во 4:21 часот наутро по локално време, а епицентарот бил 12 километри источно од Сараево, на длабочина од шест километри.

Потресите ги почувствувале бројни жители на Сараево и околните населби. Повеќе од 490 корисници на EMSC пријавиле дека го почувствувале земјотресот, а на нивната веб-страница биле објавени речиси 200 коментари од граѓани.

Засега нема информации за материјални штети.

Можете да прочитате

Крузер се насука во Дунав, бугарската полиција евакуира 186 патници

Силен земјотрес вечерва ја погоди Грција, потресот почувствуван во поширокиот регион

Партиски лидер и пратеник украл таен документ од службите во албанскиот парламент, суспендиран на 60 дена