
Од вечерва на полноќ малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголемуваат за 3,00 ден/лит. Малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 93,00 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе изнесува 95,00 ден/лит.
Малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголемува за 4,50 ден/лит, и ќе изнесува 98,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемува за 5,00 ден/лит, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.07.2026 година и со тоа малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) изнесува 98,00 ден/лит.
Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС, се зголемува за 2,726 ден/кг, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 20.07.2026 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 48,099 ден/кг.

