Утрински Весник
Македонија

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

20260726190355 big 730x400 65.webp.webp

– Денес се сеќаваме и оддаваме почит на жртвите од разорниот земјотрес во Скопје на 26 јули 1963 година. Пред 63 години, во 5 часот и 17 минути, за само дваесет секунди, градот беше претворен во урнатини. Катастрофалниот земјотрес однесе многу човечки животи, илјадници семејства останаа без својот дом, зад себе остави урнатини и болка – вели во објава на Фејсбук претседателот на СДСМ Венко Филипче.

– Но, Скопје се издигна од рушевините. Со пожртвуваноста на граѓаните и помошта од целиот свет, градот повторно се исправи и стана симбол на солидарност, заедништво и надеж.

За жал, денес Скопје и целата држава се разоруваат, но не од природна непогода, туку од системска непогода, од погрешни политики, негрижа и отсуство на визија. Скопје, градот што некогаш беше пример за солидарност и напредок, денес е симбол на запоставеност, хаос и изгубени можности.

Централната и локалната власт на ВМРО единствено покажуваат солидарност кога станува збор за партиски и криминални интереси, додека општеството тоне во институционален хаос, сиромаштија и безнадежност.

26 јули ќе остане врежан во колективната меморија на Скопје, потсетник дека неговата најголемата сила се граѓаните. Имаме должност да го чуваме и развиваме со љубов, визија и одговорност, да не дозволиме да се разорува од неспособност, негрижа и корупција.

Можете да прочитате

Приведени Германец и Србин на Табановце, им пронашле дрога и сомнителни евра

„Завод и музеј-Прилеп“: Преземените мерки на Македониумот имаат исклучиво превентивна заштитна функција

Жена на 61 година го роди своето прво дете