Утрински Весник
Свет

Трамп ги паузира нападите врз Иран за да „даде простор“ за преговори

1744390802 tramp.jpg

Американскиот претседател Доналд Трамп ги паузираше нападите врз Иран за да „даде простор“ за обновување на преговорите, изјави денеска амбасадорот на САД во Обединетите нации, Мајк Волц, откако Иран објави дека нема да напаѓа сè додека САД не го сторат тоа.

„Тој остава простор за преговори“, изјави Валц за Фокс њуз за одлуката на Трамп, без да открие дополнителни детали.

Во текот на викендов имаше затишје во непријателствата меѓу Иран и САД. Пентагон го паузираше бомбардирањето по тринаесет ноќи силни напади, а немаше извештаи ниту за ирански напади врз соседните земји во последните два дена.

Неименуван висок функционер од администрацијата на Трамп, изјави дека американскиот претседател отсекогаш јасно ставал до знаење дека „преферира дипломатија“, но дека и ѝ покажува на Исламската Република „што ќе се случи ако сериозно не се приближи на преговарачката маса“.

Иран исто така објави дека ги суспендира нападите, сè додека САД го прават тоа. Сепак, во Техеран се оценува дека „постои повеќе скептицизам отколку оптимизам во врска со прекинот на нападите“ и дека „преовладувачкиот став е дека станува збор за тактичка пауза, а не за вистинска“.

Можете да прочитате

Убиен oсомничениот напаѓач на Берлинската парада на гордоста

Москва не ги коментира најавите за можен предлог од Вашингтон и Киев за крај на војната во Украина

Израелски доселеници запалија две џамии на Западниот Брег, двајца Палестинци загинаа во Газа