Утрински Весник
Македонија

Жена на 61 година го роди своето прво дете

Bebe detelinka 1024x714 1.jpg

Македонска двојка на 61 и 71 година за првпат стана родители, откако во болницата „Д-р Органџиски“ успешно била реализирана сложена ин витро постапка, која завршила со раѓање на здраво машко бебе.

Од здравствената установа информираа дека станува збор за исклучителен медицински успех, имајќи ги предвид возраста на родителите и комплексноста на целиот процес што претходел на бременоста.

Според објавените информации, бременоста била постигната по внимателна и индивидуално планирана медицинска подготовка. Пред ин витро постапката, кај 61-годишната пациентка била извршена хистероскопска реконструкција на матката, а во третманот биле употребени донирани јајце-клетки.

По успешно спроведената процедура, двојката го добила своето прво дете – здраво машко бебе.

Од болницата соопштија дека и мајката и новороденчето се во добра здравствена состојба.

Случајот предизвика големо внимание во јавноста поради возраста на родителите, но и поради сложеноста на медицинските интервенции кои овозможиле успешно остварување на бременоста.

Таткото има 71 година, мајката 61 година, а ова е нивното прво дете.

Извор 4news.mk

Можете да прочитате

Филипче: Скопје по земјотресот се издигна од рушевините, денес се разорува од погрешни политики

„Завод и музеј-Прилеп“: Преземените мерки на Македониумот имаат исклучиво превентивна заштитна функција

Во Струмичко претепале семејство и нападнале полицајци, сакале да грабнат жена