Утрински Весник
Македонија

Лишен од слобода вработен во АВРСМ Прилеп за примање поткуп

Administracija.jpeg

На 24.07.2026 во 17:15 часот во Прилеп, полициски службеници го лишија од слобода Д.Т.(50) од Прилеп, вработен во АВРСМ, поради сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп”.

Според пријавеното, тој на 47-годишно лице од Прилеп, невработено и примател на социјална помош, од април до јули во неколку наврати му побрал и примил поткуп за да не му ја укинат социјалната помош затоа што од здравствени причини одбил работно место во фабрика во Битола.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени предмети од кривичното дело. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Велешанец ја нападнал и повредил мајка си, полицијата го уапси

Муцунски го обвини Османи за извртување на фактите и избегнување одговорнос

Почината жена пронајдена во коритото од селската чешма во Копаница