Утрински Весник
Свет

Брод со 11 европски туристи исчезна кај индонезискиот остров Сулавеси

20260725095525 big 730x400 86.webp.webp

Брод со 11 европски туристи и двајца членови на екипажот, исчезна во близина на заливот на индонезискиот остров Сулавеси.

Индонезиските власти соопштија дека е почната потрага по бродот, кој испловил од островот Танџунг Унауна во петокот наутро и се упатил кон пристаништето Мариса во соседната покраина Горонтало, но не пристигнал како што били планирано.

На бродот имало еден чешки државјанин, еден Белгиец, пет холандски државјани, тројца Германци, една Французинка и двајца индонезиски членови на екипажот.

Десетици екипи за пребарување и спасување ги бараат исчезнатите, покривајќи површина од околу 300 наутички милји во заливот Томини и неговата околина.

Можете да прочитате

Трамп на вечерата со дописниците од Белата куќа: „Кога ќе заминам, сите ќе банкротирате“

Пожарите во Франција и Шпанија не стивнуваат, евекуирани над 220 илјади луѓе

Германскиот индустриски сектор секој месец се губи 15.000 работни места