Утрински Весник
Македонија

Струмичанец, превезувал мигранти со возило со регистраски таблички од друго возило и без возачка дозвола

Migranti.jpeg

На 24.07.2026 во 19:30 часот во близина на крстосница од локален пат с.Богородица-Гевгелија и регионален пат Гевгелија-Богданци, полициски службеници од Полициската станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица го лишија од слобода Д.К.(36) од Струмица поради основи на сомнение за сторени кривични дела по член 418-Б, член 378 и член 297-а од Кривичниот законик.

При контрола во возило „фиат стило“ со австриски национални ознаки, кое го управувал, биле пронајдени седум лица мигранти, од кои четири од Пакистан, две од Авганистан и едно од Турција. Додека, по извршени дополнителни проверки било констатирано дека регистарските таблички припаѓале на возилото, а тој го управувал без возачка дозвола.

За настанот е известен јавен обвинител,а мигрантите биле спроведени во прифатно-транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија. По целосно документирање на случајот, против Д.К. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можете да прочитате

Шпанска вечер на „Охридско лето“ со триото „Вибрарт“

Претрес во струмичко, пронајдена дрога, приведени три лица

СДСМ: Владата позајмува 7 милиони евра од Македонска навигација – уште еден доказ дека касата е празна