Утрински Весник
Македонија

Снег заврна на Попова Шапка

Popovski slika od shapka.jpg

Иако календарски е средината на летото, денеска на повисоките делови на Шар Планина, над Попова Шапка, падна снег. Фотографија од снежните врнежи објави метеорологот Славчо Попоски, кој посочи дека се оствариле неговите најави за значително заладување.

„Верувале или не, денес, 24 јули, на Шар Планина, над Попова Шапка, паѓа снег“, напиша Попоски на социјалните мрежи, додавајќи дека неговите прогнози целосно се исполниле.

Според прогнозата што ја објави претходно, Македонија денеска е под влијание на влажна и значително постудена воздушна маса од север, која донесе повремени врнежи од дожд, невообичаено свежо време и локална нестабилност.

Во одделни делови од земјата се очекуваат пообилни врнежи, пороен дожд, грмежи и засилен северен ветер. Локално може да наврнат повеќе од 10 до 15 литри дожд на квадратен метар. Северниот ветер ќе биде умерен до засилен, а во Повардарието на моменти ќе достигнува брзина од 50 до над 60 километри на час.

Можете да прочитате

Малолетничка натепана од мајката и очувот

Мисајловски во посета на артилерискиот баталјон и увид на градежните активности во касарната „Мирче Ацев” во Прилеп

Водата во Валандово повторно е безбедна за пиење