
Соопштение за јавност на СДСМ:
ВМРО-ОКГ сега знае што значат истрага и доверливост на информациите.
Ова доаѓа од партија која секојдневно ја користи доверливоста како изговор за да го заштити својот криминал.
Кога Мицкоски сака да му се закани на политичкиот противник, тогаш има „чувство” и јавно наредува истраги од собраниската говорница и преку медиуми.
Кога треба да се утврди одговорност за труењето на граѓаните во Гостивар, тогаш одеднаш нема „чувство” и сè е „доверливо” и „во тек на истрага”.
Пет дена информацијата за труењето се криеше од јавноста. Пет дена институциите под контрола на ВМРО-ОКГ молчеа и не презмаа ништо.
Сега, кога се откри дека се криело, ВМРО се обидува да ја претвори темата во „доверливост на информациите”, наместо да ја превземе одговорноста.
Зошто Обвинителството ги криеше податоците од анализата на водата? Кого штитеше сега? Кој ја затру вода која заврши во водоводот?
Ако ВМРО-ОКГ навистина верува во доверливост и истрага, тогаш нека објасни зошто министерот за здравство и здравствените инспекции молчеа пет дена.
Нека објасни зошто резултатите од анализите сè се криеа од граѓаните.
ВМРО-ОКГ има „чувство” само кога треба да напаѓа. Кога треба да одговара за својата неспособност и прикривање – тогаш одеднаш сè е „истрага” и „доверливо”.
Граѓаните на Гостивар не сакаат изговори. Сакаат одговорност. И таа одговорност не може да се крие зад зборовите „доверливост” и „истрага”.


