Утрински Весник
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ: Случајот со труењето од водата во Гостивар ќе има правен епилог, нема да биде како во случајот со Модуларната

Vmro Dpmne 1.jpg

Соопштение за јавност на ВМРО-ДПМНЕ:

Кандидатот на СДС, ДУИ и Таравари во Гостивар потрфли, а од СДС нема барање на одговорност за овој скандал кој ја потресе државата.


СДС и Филипче не можат да го вперуваат прстот кон Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, затоа што кадарот кој тие со Ахмети и Таравари го промовираа и поддржаа на изборите, потфрли.

Но, една работа е многу важна. Овој случај ќе добие правен епилог, нема да заврши како случајот со Модуларната болница каде токму поради Филипче живи изгореа 14 наши сограѓани, а тој не беше повикан ниту на информативен разговор, затоа што неговите судии и обвинители го штитат, и на крај кабелот беше виновен.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ е задно со Гостиварчани, а надлежните институции се ставени на располагање на граѓаните.

Можете да прочитате

На влезот во Кочани поставен и осветен 17-метарски крст во спомен на жртвите од „Пулс“

Маж пронајден починат во стан во Аеродром

Во Скопје уапсени седум лица со дрога