Утрински Весник
Свет

Иран заработил до шест милијарди долари од извоз на нафта за време на примирјето со САД

Iran.webp.webp

Иран извезол околу 70 милиони барели нафта, во вредност од пет до шест милијарди американски долари, за време на привременото олеснување на американските санкции, објави угледниот економски весник „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на најновите податоци на невладината организација „Обединети против нуклеарен Иран“.

Според анализата на оваа организација, во периодот од средината на јуни до средината на јули годинава околу 20 ирански танкери отпловиле со сурова нафта кон клучните азиски пазари.


Претходно, Канцеларијата за контрола на странски средства (ОФАК) при американското Министерство за финансии на 22 јуни објави документ со кој се потврди дека Вашингтон издал општа лиценца што овозможува непречено производство, снабдување и продажба на иранска нафта и на нафтени деривати.

Сепак, по ненадејната ескалација на тензиите, американското Министерство за финансии на 7 јули итно ја укина таа лиценца, со која првично беа ублажени санкциите кон иранскиот нафтен сектор до 21 август, и целосно ги забрани сите нови операции во овој енергетски сектор.

Можете да прочитате

Иран изврши нови напади врз Кувајт и Бахреин

Стотици евакуирани по катастрофалниот пожар кај Осло, интервенцијата ќе трае уште десетина дена

Две лица загинаа и повеќе од 80 се повредени за време на прославите на светската титула на Шпанија