Утрински Весник
Балкан

Турското обвинителство побара доживотен затвор за обвинетите за нападот пред израелскиот конзулат во Истанбул

20260717084850 big 730x400 74.webp.webp

Турското обвинителство побара доживотни и и дополнителни казни затвор во времетраење до 37 години за 14 лица обвинети за априлскиот оружен напад пред Израелскиот конзулат во Истанбул.

Според вчера објавеното обвинение, учесниците во инцидентот се товарат за извршени кривични дела обид за убиство, обид за уривање на уставниот поредок, членство во вооружена терористичка организација и нелегално поседување огнено оружје и муниција.


Обвинителството за секој од обвинетите побарало доживотни казни и дополнителни затворски казни во траење од 19 до 37 години.

На 7 април годинава тројца вооружени напаѓачи отворија оган врз полициски службеници распоредени пред објектот во кој се наоѓа Генералниот конзулат на Израел во Истанбул. Во престрелката еден од напаѓачите беше убиен, а другите двајца ранети и уапсени. Повредени биле и двајца полицајци.

Турските власти првично соопштија дека убиениот напаѓач бил поврзан со група која „ја злоупотребува религијата“, а турските медиуми подоцна ги поврзаа напаѓачите со терористичката организација „Исламска држава“.

По нападот, турската полиција приведе околу 200 лица осомничени за припадност кон „Исламска држава“, како и десетици лица поврзани со истрагата за случајот. 

Можете да прочитате

Турција отвори специјализирани клиники за одвикнување од пушење кај младите

Црна Гора го укинува безвизниот режим за Русите

Албанија: Стапи во сила законот за амнестија, се ослободуваат над 1.300 затвореници, не се опфатени осуденици за тешки кривични дела